НОВ ТРИПЛ-ДАБЛ НА ЛЕБРОН, НОВА ПОБЕДА ЗА КАВС

РЕПТОРС „ДОЗВОЛИ" ПРОДОЛЖЕНИЕ – „Кралот" ги казни сурово! (ВИДЕО)

Заморот не е проблем за Леброн Џејмс и неговото друштво. Во екстра периодот беа подобри од Торонто за еден поен (113:112)...

објавено: 2 мај 2018 - 09:00

Кошаркарите на Торонто долго ќе жалат за приликата која ја пропуштија во првиот меч од полуфиналето на плеј-офот на Истокот против Кливленд.
Натпревар во кој имаа предност и од 14.поени, и во кој дозволија гостите од Охајо да се изборат за продолжение од пет минути, и на крајот да победат (113:112).


Во неефикасните последни минути, на 19.секунди пред крајот, Леброн Џејмс му донесе израмнување на Кливленд, прво на натпреварот.
Но ниту од три обиди кошаркарите на Торонто не успеаа да ја протнат топката низ обрачот, па по нереализираниот обид на Леброн,мечот отиде во екстра време.
Кога Корвер даде тројка, Џеј-Ар Смит уште едне поен, враќањето за Репторс немаше. Впрочем, тие не погодија 15 од последните 16 обиди од поле, вклучително и оние во првите три минути од продолжението.
Но домаќинот сепак доби последна шанса кога останаа 16.секунди. Имаа поен заостанување, но и напад, кој не го реализираше Ванвлит.
До првата победа во оваа серија Кливленд го предводеше секако Леброн Џејмс. И тоа со нов трипл-дабл во блескавата кариера: 26.поени, 11.скока и 13. асистенции. Џеј-Ар Смит го следеше со 20, а Кајл Корвер постигна 19. Поени.
Демар Дерозен угфрли 22.поени кај Репторс, а Јонас Валанчунас беше „двоен" со по 21. поени и исто толку скокови. Кајл Лаури постигна 18. поени заедно со десет асистенции.
Следниот меч се игра на 4.мај.

  

Најново во Кошарка