НЕ ОСТАНА ДОЛГО ВРЕМЕ БЕЗ РАБОТА

РЕПТОРС Е МИНАТО: Двејн Кејси е изборот на Детроит Пистонс

Најдобриот тренер во НБА за оваа сезона по отказот од Торонто ќе се пресели во Детроит...

објавено: 13 јуни 2018 - 16:00

Ова лето сосема изненадувачки, Торонто се раздели со Двејн Кејси, иако нешто порано, НБА ги прогласи за најдобриот меѓу тренерите во НБА лигата за оваа сезона коај заврпи пред неполна седмица.

Веројатно најголемо „влијание" имаа оние (0-4) во полуфиналето на Истокот со Кливленд, па овој 61 годишен стручњак остана без работа.

Но само за кратко, затоа што на негова адреса стигна нова понуда. Ја испратија од Детроит Пистонс, уште еден тим на Истокот кој реши да менува на тренерската позиција.
Пистонс ја прекинаа соработката со Стен Ван Ганди, па Кејси ќе влета на неговото место.
Пред се затоа што договори петгодишна соработка со тимот од „Мотор сити", без да бидат соопштени и други делови од договорот.
Во својата не баш трофејна кариера, Кејси беше асистент на Универзитетото Кентаки и Вестерн Кентаки, како и во репрезентацијата на Јапонија. Во НБА лигата беше дел од стручните тимови на Сиетл Суперсоникс и на Далас Маверикс.
Самостојно ги водеше јапонскиот Исузу, Минесота Тимбервулфс и Торонто Репторс.

 

Најново во Кошарка