ГОЛДЕН СТЕЈТ И ВАШИНГТОН СО ВТОРА ПОБЕДА ВО ПЛЕЈ-ОФОТ

Рокетси го преживеаја трипл-даблот и 51 поени на Вестбрук, поведоа со 2:0 (ВИДЕО)

И шесттиот трипл-дабл на Расел Вестбрук во плеј-оф натпреварите не и помогнаа на Оклахома да стигне до победа. Хјустон славеше и на вториот меч (115:111). Голден Стејт беше убедлив на дуелот со Портланд 110:81, Вашингтон поведе со 2-0 против Атланта. 

објавено: 20 април 2017 - 08:06

Хјустон поведе со 2-0 во плеј-оф серијата, откако ја совлада Оклахома со 115:111. Лошата игра на Тандерс во финишот беше клучна за новиот пораз. При 104:104, Рокетси направија серија од 10-0 обезбедувајќи ја втората победа на свој терен.

Расел Вестбрук во последната четвртина имаше 18 обиди од игра, а погоди само четири. Ѕвездата на Оклахома мечот го заврши с 51 поен, 10 скока и 13 асистенции, но тоа не беше доволно за прва победа.
Џејмс Харден половина од своите поени ги постигна од линијата за слободни фрлања (18), на крајот запиша 35 поени, четири скока и осум асистенции.

Голден Стејт забележа сигурен триумф на вториот дуел против Портланд (110:81) и поведе со 2-0 во плеј-оф серијата на Западот.

Вориорс мечот го решија уште во првата четвртина, имаа предност од 33-17. Кевин Дурент поради повреда не настапи на оваа средба. Стеф Кари средбата ја заврши со 19 поени, додека Клеј Тмпсон постигна три помалку.

До водство од 2-0 во плеј-офот дојде и Вашингтон, откако ја совлада Атланта со 109:101. Тандемот Бредли Вол и Џон Вол ги предводеше Визардси со нов вториот триумф, двајцата заедно постигнаа 63 поени.

Најново во Кошарка