НЕКОГАШНИОТ МВП ПОЧНА ДА МОЛИ

Роуз сака да остане во Њујорк, дури и за помала плата

Иако се шпекулираше дека после само една сезона помината кај Никс би можел да го напушти „Големото јаболко", неговиот агент откри нешто друго...

објавено: 18 јуни 2017 - 09:30

Дерек Роуз го сака Њујорк и сака уште доста години да игра за Никс, тука нема никакви дилеми, изјави агентот на некогаш најдобиот играч во НБА лигата.

„Дерек го сака Њујорк и сака да биде овде. Се е до нив. На крајот на краиштата, подготвени сме на сите можни комбинации. Јасно ни е дека ако тимот сака да биде врвен тогаш се потребни неколку врвни кошаркари, така да се може да се реши"- рече Би-Џеј Армстронг, човекот кој ги застапува интересите на некогашниот МВП на НБА лигата , и со тоа најави дека се спремни дури и на смалување на платата.

Во првата сезона откако си замина од Чикаго, Роуз заработи 21.3 милиони долари. Но и тој а и неговиот менаџер полека ја сфаќаат ситуацијата, односно дека тешко ќе може да очекуваат толкави пари, особно ако се земе в предвид дека одличниот бк има проблеми со сериозни повреди на коленото во последнте неколку сезони.

 

Најново во Кошарка