НОВА НЕВЕРОЈАТНА ПАРТИЈА НА „КРАЛОТ" ЏЕЈМС

Сакаше и дојде до тоа – Леброн доби седми меч со Бостон (ВИДЕО)

Леброн Џејмс продолжува да ги поместува границите во историјата на плеј-офот во НБА лигата. Со негова огромна помош, Кливленд го доби шестиот дуел ос серијата со Бостон (109:99) па за две вечери ќе гледаме „мајсторка" во „ТД Гарден" во Бостон.

објавено: 26 мај 2018 - 09:10

Леброн Џејмс продолжува да ги поместува границите во историјата на плеј-офот во НБА лигата. Со негова огромна помош, Кливленд го доби шестиот дуел ос серијата со Бостон (109:99) па за две вечери ќе гледаме „мајсторка" во „ТД Гарден" во Бостон.

На овој меч Бостон беше подобар само во првата четвртина, пред Кавалирс да ја направат онаа клучна серија. Се случи во втората четвртина во која направија (14-3) и од тој момент не му дозволија на противникот да се симне на заостанување помало од седум поени.
Третата четвртина одлично ја одигра Џорџ Хил, реализираше 12.поени, додека пак во финишот на периодот Леброн Џејмс погоди две тројки по ред, по што и практично прашањето околу победникот беше решено.
На теренот „Кралот" Џејмс помина 46.минути, и реализираше исто толку поени заедно со 11.скокови и 9.асистенции.
Кевин Лов се повреди на стартот на натпреварот, а голема помош Џејмс имаше од расположениот Хил кој заврши со 20. поени, Грин даде 14, а Ненс уште 10.
Ова беше седмиот меч во овогодинешниот плеј-оф на кој Леброн уфрли повеќе од 40.поени.
Кај Селтикс, најдобар поединец беше Тери Роизер кој уфрли28.поени, Џејлен Браун даде еден помалку, додека пак Тејтум заврши со 15.
Одлучувачкиот седми меч на кој ќе го добиеме финалистот на Истокот ќе се игра во "ТД Гарден" во Бостон, каде Селтикс досега немаат пораз во плеј-оф натпреварите.
Ќе се игра во ноќта помеѓу недела и понеделник, а ќе стартува во 02.30 часот по полноќ. 

Најново во Кошарка