ЏЕЈСОН ТЕРИ ВЕЛИ ДЕКА ПОКРАЈ СЕБЕ ИМА НЕВЕРОЈАТЕН СОИГРАЧ

Само Вилт Чембрлен играше вака во рекетот како што сега прави Јанис (ВИДЕО)

Бекот на Милвоки е воодушевен од способностите на младиот грчки кошаркар, и негов соиграч во оваа сезона... Дури го спореди со легендата на НБА лигата...

објавено: 20 март 2018 - 22:10

Џејсон Тери, еден од најпризнатите бекови во изминатите две децении во НБА лигата, вели дека Јанис Адетокумпо е еден од најкомплетните млади играчи кои во овој момент се дел од кошаркарското шоу во САД и во Канада.

Тери вели дека младиот Грк собрал доста работи од некои легендарни кошаркари, и ги користи истите најдобро што знае и умее.

Но и тоа дека уште учи...

„Потребен е посебен сет на вештини како некој би можел да собере различни сегменти на игри од други кошаркари. Сега, Јанис има ’федавеј’ кој помалку потсетува на Коби, а некогаш шутира од ’една нога’ како Дирк. Она што го прави во рекетот не сум видел дека го може некој, освен Вилт Чембрлен, а тоа е да тргне сам против тројца пред себе, и да ја забие топката Она што ќе го додаде на својата игра, и на тоа што сега работи е шутот за три поени од натскок, нешто налик на Трејси Мек Грејди“- објаси Џејсон Тери, ветеранот на Бакс кој во НБА циркусот е уште од 1999 година. 

Оваа година во просек, Јанис Адетокумпо реализира по 27.5 поени, 10.1 скока, 4.8 асистенции 1.5 освоени топки и 1.4 блокади.  

Најново во Кошарка