ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ

Сан Антонио 20 сезона по ред со место во плеј-офот

Спарси дури во продолжение ја победија Минесота и стигна до 48 победа во 61 меч сезонава

објавено: 5 март 2017 - 09:49

Сан Антонио втор меч по ред победува по дополнителни пет минути во продолжението. Овојпат Спарси со 97:90 беа подобри од Минесота. За Сан Антонио ова беше 48 победа во 61 меч и на тој начин дефинитивно си обезбеди место во плеј-офот.

Сан Антонио е еден од најконстантните екипи во НБА историјата. За нив ова е 20 сезона по ред да бидат дел од екипите кои ќе се борат за шампионскиот прстен. Леонард доминираше на теренот и заврши со 34 поени, 10 скока, пет асистенции и шест украдени топки. 

Фаворитот до победата стигна благодарение на феноменалната одбрана. Во целото второ полувреме, плус продолжението Сан Антонио прими само 35 поени, во вкупно 29 минути игра. 

Детроит го одигра најефикасниот нивни меч сезонава и даде 136 поени во убедливата победа над Филаделфија. Мајами го понижи шампионот Кливленд и го победи со 120:92.

Резултати: Филаделфија - Деторит 106:136, Мајами - Кливленд 120:92, Милвоки - Торонто 101:94, Чикаго - ЛА Клиперс 91:101, Денвер - Шарлот 102:112, Хјустон - Мемфис 123:108, Сан Антонио - Минесота 97:90, Портланд - Бруклин 130:116. 

Најново во Кошарка