Надвор се од зоната за доигрување

Сан Антонио реди порази, загрозена е блескавата низа настапи во плејофот

Хјустон лесно го победи Сан Антонио со 109:93 и го исфрли од плејоф зоната тимот што има блескава низа од 19 настапи едноподруго во доигрувањето за титулата

објавено: 13 март 2018 - 08:30

Хјустон лесно го победи Сан Антонио со 109:93 и го исфрли од плејоф зоната тимот што има блескава низа од 19 настапи едноподруго во доигрувањето за титулата.

Џејмс Харден повторно командуваше со првопласираната екипа на Западот во НБА лигата и со 28 поени беше најефикаасен на мечот. Со серија од 19:2 Ракетите рано ги разрепија дилемите околу победникот.

Сан Антонио и Грег Попович имаат многу проблеми со повредите сезонава, а ноќеска не играа двете главни ѕвезди Кавај Ленард и Лемаркус Одлриџ. До крајот на регуларниот дел има уште петнаесеттина натпревари, па „мамузите“ сеуште имаат шанси да играат во плејофот и 20. година едноподруго.

Резултати: Хјустон - Сан Антонио 109:93, Мемфис - Милвоки 103:121, Оклахома - Сакраменто 106:101, Портланд - Мајами 115:99..

Најново во Кошарка