ПРЕПОЗНАТЛИВО, ЗАРЕМ НЕ?

СЕ ЈАВИ ГОЛЕМИОТ „ДРДОРКО“: Минесота е меѓу најглупавите тимови кои сум ги видел во животот (ВИДЕО)

Во ТВ анализата по дуелот со Хјустон, Чарлс Баркли беше премногу критичен кон екипата од Минеаполис, особено поради играта во нападот...

објавено: 16 април 2018 - 20:25

Екипата на Минесота забележа (би се рекло) очекуван пораз на стартот на плеј-оф серијата со Хјустон (101:104). „Волците" тешко го бранеа Џејмс Харден (даде 44. поени), а делува дека ниту во нападотне „препознаваа" некои ситуации.

„Да ви кажам нешто за Тимбервулфс. Тие се еден од најглупавите тимови кои сум ги видел во животот. Хјустон 'превзема' на секој 'пик-ен-рол' во одбраната, а тие не користат ниту една ситуација „висок-низок'. Се слуши пет или шест пати крис Пол да остане против повисок играч, и наместо истиот да го искористи тоа во рекетот, тој се извлекуваше надвор"- коментираше најголемиот „дрдорко" во историјата на НБА лигата за телевизијата ТНТ.

Притоа во приказната Баркли уфрли и некои „елементи" од американскиот фудбал.

„Само мразам глупава кошарка. Отсекогаш мислев дека фудбалерите се глупи. Дека тие се глупи како камен. Од нив единствено паметни се офанзивните линијаши"- дополни „Сер Чарлс" и не баш културно, но во препознатливиот стил. 

Најново во Кошарка