ИМА ЛИ ДОЗА НА КАЕЊЕ ЗА ПОТЕЗИТЕ КАЈ ОЛ-СТАР КРИЛОТО?

СЕ ЈАВИ И ЛЕНАРД: Долго размислував... со денови...

Новиот кошаркар на Торонто Каваи Ленард, со емотивно писмо се прости од својот, сега веќе, поранешен клуб, Сан Антонио Спарс и нивните фанови...

објавено: 10 август 2018 - 09:20

Кон средината на јули, Репторс и Спарс постигнаа конечен договор околу големиот трејд. Во Торонто преминаа Каваи Ленард и Дени Грин, а на другата страна отидоа Демар Дерозен, Јакоб Пелтл, и заштитен пик од првата рунда на драфтот (од 1 со 20.место).
Од тој момент сите инволвирани во овој трејд имаа свои коментари за размената, освен Каваи Ленард, можеби и „најтешкиот" во ова друштво на променети играчи.

По скоро три недели се огласи во јавноста со отворено писмо
„Сан Антонио.
Многу размислував во изминатите денови, обидувајќи да најдам вистински зборови. На крајот се некако се сведува на тоа: 'Ви Благодарам'
Моето семејство и јас сакаме да ви се заблагодариме, на франшизата, на сите луѓе и навивачи од Сан Антонио. Благодарам до моите соиграчи со кои бев на теренот во изминатите седум години. Му благодарам на Поп, засекогаш ќе му бидам благодарен за напредокот кој го остварив под негово водство. Благодарам до навивачите, не постои група која со таква страст и посветеност кон Сан Антонио. Имавме и успони и падови, драго ми е што имавме повеќе успони, и никогаш нема да го заборавам она што го делевме и што го остварите. И додека се радувам на новото поглавје во кариерата, секогаш ќе го паметам градот и луѓето во Сан Антонио
Ви Благодарам - Каваи Ленард"

За седумте години поминати со „мамузите", новиот житле на Канада дојде до шроске од 16.3 поени и6.2 скока по натпревар.

Најново во Кошарка