НЕМА ПРЕДАВАЊЕ КАЈ БАКСИ

Се од почеток, Милвоки по втор пат подобар од Бостон!

Во неизвесна завршница, со поените на Јанис Адетокумпо, бакс стигнаа до минимален триумф (104:102), но доволен за нерешен скор во серијата со Селтикс (2.2)... 

објавено: 22 април 2018 - 21:45

Во Милвоки се играше натпреварот број 4 од серијата со Бостон.

А по неговото заврпување, извесно е дека иостата ќе потрае, барем уште два натпревари, ако се знае дека по втор пат по ред, Мипвоки Бакс беше подобар од Бостон Селтикс, сега и со минимални (104:102), но доволни серијата да тргне како да е (0:0), иако во овој момент е (2:2), 

Бакси беа во водство во најголем дел од средбата. Но во последната минута се влезе со „половина кош“ предност за домашната екипа, (99:98). 

Драматиката продолжи со поентирањето на Џејсон Тејтум, и минимално водство за Селтикс (100:99). Но по тајм-аутот, Брогдон врати со иста мерка, со тројка, за ново водство на Милвоки 0102:100). Го одржа, со својот 27. поен на мечот Адетокумпо, но остави само пет секунди за гостите од Бостон да обезбедат продолжение или победа. 

Но Маркус Морис не успеа да погоди, па победата остана за домашната екипа во која Крис Мидлтон уфрли 23.поени, Џабари Паркер 16, а Малком Брогдон уште 10. 

Безвредни останаа оние 34.поени и 8. скока на Џејлен Браун, 21 од Џејсон Тејтум и по 13 колку што реализираа Морис и Хорфорд.

 

Најново во Кошарка