ЈА СНЕМА ЉУБОВТА...

СЕ ПОДАЛЕКУ Е ОД ТЕКСАС: Ленард оди во ЛА, а можеби и кон Бостон?

Најдобриот кошаркар на Сан Антонио Каваи Ленард ова лето и дефинитивно ќе ги напушти „мамузите", потврдува извор од лигата за „Јаху"...

објавено: 16 јуни 2018 - 13:50

Секој изминат ден значи и се подалечна конекција на релација Каваи Ленард-Сан Антонио Спарс...

Овие работи ги пренесува и еден новинар на „Јаху".
Шамс Шаранија оди и еден чекое понапред во описот на релацијата на „двете страни" во овој случај кој стои „отворен" скоро цела сезона.
Онаа во која ол-стар крилото одигра многу малку натпревари од не баш "познати причини" за јавноста, но и за стручниот штаб, предводен од Грег Попович.
Наводно, Каваи веќе не се чувствувал пријатно во трофејниот клуб, и е спремен да си замине, наведува „Јаху".
Бекот на Спарс има договор со клубот од Тексас до крајот на сезоната 2019/2020. А во наредната треба да заработи 18.868.625 долари.

Според информациите на ЕСПН пак, лесно може да се случи Ленард да се пресели во ЛА Лејкерс, Познатиот „инсајдер" Адриаан Војнаровски, наведува дека во игра се уште и Клиперс, но и Бостон, како и тоа дека Спарси нема да брзаат со конечниот збор.
Дваесет и шест годишниот ол-стар, беше 15.пик на НБА драфтот во 2011 година. Три години подоцна ја освои титулата со „мамузите" кога беше прогласне за најкорисен играч на финалната серија со Мајами (4:1).
Освен тоа, Ленард во два наврати беше прогласуван за најдобар дефанзивец во лигата (2016 и 2017) и член на идеалната петорка на НБА.

Најново во Кошарка