ПАМЕТНА ИГРА НА БОСТОН, ГОСТИТЕ ПРОКОЦКАА ПЛУС 21

Селтикс има многу решенија, Фила е на колена (ВИДЕО)

„Келтите" не се победуваат така лесно во плеј-офот, особено не на домашен терен. Бостон го доби и вториот меч во серијата со Филаделфија, (108:103), па сега има големи (2-0) во полуфиналето на Истокот.

објавено: 4 мај 2018 - 08:42

„Келтите" не се победуваат така лесно во плеј-офот, особено не на домашен терен. Бостон го доби и вториот меч во серијата со Филаделфија, (108:103), па сега има големи (2-0) во полуфиналето на Истокот.
Кошаркарите на Филаделфија имаа одличен почеток во „ТД Гарден“, многу брзо изградија и двоцифрена предност. А во вториот период имаа и скоро нереални (51:30).
Меѓутоа, тогаш Бостон тргнаа во серија од (18-3) и до полувремето заостануваа само пет поени. Тоа им даде дополнителна енергија за второто полувреме, да продолжат со исто темпо, да го контролираат и резултатот и играта.
Младата екипа на Филаделфија одговори на тоа во последниот дел од играта. Погодуваа Ембид и Ковингтон, но Селтикс имаше одговор – Тери Розиер, па мечот отиде во неизвесна завршница.
А „таму" најважните поени за домашниот тим ги погодија Ал Хорфорд и Џејсон Тејтум.
Тејтум беше и најефикасниот играч на Бостон, даде 21,поен, еден помалку стигна од Розиер (4/9 за три), а четири тројки погоди и Маркус Смарт, за 19. Поени. Воопшто Бостон погоди 15 тројки од 36.обиди.
Ембид имаше 23.поени и 14.скока кај Филаделфија, Ковингтон додаде 22, а Дариш Шариќ заврши со 14. реализации. 

Најново во Кошарка