СТАРТУВАШЕ НОВАТА СЕЗОНА ВО НБА ЛИГАТА

Селтикс лесно, шампионот тесно (ВИДЕО)

Двата големи фаворити за висок пласман, можеби и место во финалето, стигнаа до првите победи. Бостон беше убедлив против Филаделфија (105:87), додека Голден Стејт потешко од нивните очекувања го „добија" составот на Оклахома Сити Тандер (108:100) во кој го немаше Расел Вестбрук...

објавено: 17 октомври 2018 - 08:49

 Не многу квалитет прикажаа двата фаворити на Истокот. Направија многу грешки и на двете страни од теренот и Бостон и Филаделфија, но Селтикс го конторлираа резултатот постојано. Гостите од Пенсилванија само во неколку наврати успеваа да фатат каков-таков приклушпок, но на крајот на третата и почетокот на четвртата четвртина Бостон дефинитивно се одвои и без проблеми го доби првиот сезонски меч.

 

Најдобар кај победникот беше Џејсон Тејтум со 23.поени (9/17 од игра), 9.скокови и 3. асистенции, додека Маркус Морис имаше 16.поени и 10. скока.
Кајри Ирвинг ги промаши првите осум шута од поле, а заврши со ефект од седум поени (2/14 од игра) и исто толку додавања. Гордон Хејворд го одигра својот прв меч после тешката повреда и финишираше со 10.поени за 25.минути играње.
На другата страна најдобар беше Бен Симонс со 19. поени, 15. скока и 8. асистенции, Џоел Ембид даде 23.поени (9/21 од игра), а Џеј-Џеј Редик уште 16.поени.

Во вториот меч на денот, актуелниот првак Голден Стејт на свој терен ја совлада Оклахома (108:100). Расел Вестбрук не играше поради повреда, а Вориорс, рано стекнаа осетно водство.
Но Тандер имаа одговор во Пол Џорџ, кој експлодираше во третата четвртина во која постигна 15.поени, и најави евентуален пресврт

Но Голден Стејт успеа да ги одбие тие налети на „громовите", а еден од клучните поени даде одличниот Стеф Кари. На нешто помалку од две минути со „кош-фаул" донесе плус 5 (102:97).
Токму Кари со 32 поени (11/20 од игра), 9.асистенциии и 8.скока беше најдобриот поединец на премиерата во која Кевин Дурент се вгради со 27.поени (9/21 од игра), и 6.асистенции, а Клеј Томпсон со 14, но о со очајно слаб шут од поле 5/20.
Пол Џорџ ја предводеше Оклахома со 27.поени (9/23 од игра) и 5.асистенции, додека новакот Денис Шроедер даде 21.поен, а имаше и 9.скока и 6. асистенции.

 

Најново во Кошарка