УБЕДЛИВ ПОРАЗ ЗА ЛЕЈКЕРСИ ВО ФИЛАДЕЛФИЈА

Сиксерси го избришаа подот со Леброн и неговата дружина (ВИДЕО)

Лејкерси ја демонстираа најлошата одбрана сезонава, примија 143 поени на дуелот со Филаделфија.

објавено: 11 февруари 2019 - 00:21

Убедлив пораз за Леброн Џејмс и неговиот ЛА Лејкерс на гостувањето кај Филаделфија од 143-120. Гостите дефинитивно ја прикажаа најлошата одбрана сезонава, примија 143 поени, немаа решение за расположените кошаркари на Сиксерси. 

По минималното водство во првата четвртина 40-39, следеше пад на „езерџиите“, кои не успеаја да се вратат до крајот на мечот.

Џоел Ембид со 37 поени и 14 скока беше прво име во редовите на Филаделфија, Тобајас Херис имаше 22 поени. На другата страна Кузма имаше 39 поени, додека Леброн запиша дабл-дабл од 18 поени и 10 скока, го делеше само една асистенција од трипл-дабл.  

По овој пораз Лејкерси се на десетото место во Западната конфереција, додека Филаделфија е четврта на Истокот. 

Најново во Кошарка