КРАЛОТ ПОКАЖА ЗОШТО ВЛАДЕЕ ВО НБА

Со волшебна тројка Леброн донесе продолжение против Вашингтон (Видео)

На 3,4 секунди Кливленд имаше три поени негатива, но предвоникот на НБА шампионот успеа да даде тројка, а потоа во дополнителните пет минути да се радуваат на победа

објавено: 7 февруари 2017 - 09:25

Актуелниот НБА шампион, Кливленд со 140-135 славеше на гости кај Вашингтон, во најдобриот меч сезонава. Кулминација на неверојатниот меч беше завршницата од регуларниот дел.

Вашингтон водеше со 120:117, а на часовникот имаше само 3,4 секунди до крајот. Кливленд не се предаде и иако изведе од под својот кош, успеа топката да стигне до Леброн Џејмс, кој даде тројка за нерешено. До дополнителните пет минути, Кливленд беше подобар и на крајот се радуваше на триумф. 

Освен Џејмс, одлични кај гостите беа и Лов со 39 поени и 12 асистенции, Ирвин заврши со 23 поени, од кои дури 11 му беа во продолжението. Сепак играч на мечот е Леброн. Заврши со 32 поени, седум скокови, две украдени топки и неверојатни 17 асистенции. 

Резултати: Индијана - Оклахома 93:90, Њујорк - ЛА Лејкерс 107:121, Вашингтон - Кливленд 135:140, Атланта - Јута 95:120, Детроит - Филаделфија 113:96, Торонто - ЛА Клиперс 118:109, Минесота - Мајами 113:115, Њу Орлеанс - Феникс 111:106, Денвер - Далас 110:87, Мемфис - Сан Антонио 89:74, Сакраменто - Чикаго 107:112.

Најново во Кошарка