ЗА ДА ГО ЗАДРЖАТ ВО САН АНТОНИО

Спарс ќе му понудат неверојатен договор: Спремија 219 милиони долари за Ленард

На својата прва ѕвезда тимот од Тексас ќе му даде понуда која тешко дека ќе ја одбие...

објавено: 23 мај 2018 - 10:00

Спарс се надеваат дека наскоро ќе се сретнат со претставниците на Каваи Ленард и дека ќе разговараат за продолжение на соработката, наведува Том Орсборн, локален новинар од Сан Антонио

Тој договор Ленард ќе може да го потпише после првиот ден од јули, во спротивно, ќе постане неограничен слободен агент во текот на летото 2019 година.

Но само и единствено тимот од Сан Антонио може да му понуди толкава сума на пари.
Оваа сезона Каваи се бореше со мистериозната повреда на квадрицепсот поради која одигра само девет мечеви во регуларнито дел. Опоравувањето не течеше како што се очекуваше. Ленард остана надвор од тимот, иако тимските лекари му дадоа дозвола да тренира и да игра. Не беше присутен, дел од тимот, ниту за време на оние плеј-оф средби на Спарс, по што стана јасно дека тој однос е поприлично „раздрман".
Доколку Спарс не постигнат договор сдо Ленард, се очекува тие да се насочат кон некои трејд-варијанти. Во 2014 година, овој 26.годишен кошаркар ја освои титулата со „мамузите", а тогаш беше и МВП на финалната серија.

Најново во Кошарка