момците на грег попович повторно оштетени

Спарс повторно „грмат" на судиите: Имаше фаул пред клучниот кош на Вестбрук (ВИДЕО)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс повторно имаат многу забелешки на работата на судиите во серијата против Оклахома.

објавено: 11 мај 2016 - 09:42

Дилемата е во нападот на гостинскиот тим кој почна на девет секунди пред крајот, при водство на Оклахома од 95-91. Вестбрук тргна во напад, Џинобили и Ленард очигледно го фаулираа, но судиите не се огласија и го оставија бекот на Тандер да ја заврши акцијата, а притоа досудија прекршок од Ламаркус Олдриџ. Така, Вестбрук доби кош и дополнително слободбно фрлање со што постигна три поени и ја запечати победата на својот тим.

На сличен начин Спарс беа оштетени и во вториот натпревар од оваа серија, исто така на домашен терен.

Најново во Кошарка