НБА

Спарси се „лизнаа“ во Мемфис, Разиграните Бакси поведоа со 2-1 (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мемфис го совладаа Сан Антонио во третиот плеј-оф меч со 105:94 и намалија на 2-1. Милвоки Бакс го доби Торонто со 104:77 и поведе со 2-1 во серијата.

објавено: 21 април 2017 - 08:43

Кошаркарите на Мемфис максимално го искористија домашниот терен, го совладаа Сан Антонио со 105:94 и намалија на 2-1 за продолжување на надежта за пласман во конференциското полуфинале. За Гризлис ова беше прва победа над Спарси во плеј-офот по 2011 годинна.

Мемфис клучниот удар го зададе во третата четвртина, која ја отвори со серија од 8-0, со двата поени на Рејндолф, тројка на Гасол, а потоа слободните фрлања на Рејндолф по неговиот погодок. Домашниот тим беше одличен и во дефанзивата, Сан Антонио промаши 11 од првите 17 обиди на стартот на третата четвртина. Во продолжение гостите се обидоа да се вратат, но веќе беше доцна.

Мајк Конли со 24 поени и 8 асистенции беше најефикасен кај победникот, Марк Гасол и Зек Рејндолф имаа по 21 поен. На другата страна Каваи Ленард имаше 18 поени, додека ЛаМаркус Олдриџ постигна два помалку. Аргентинецот, Ману Џинобили го одигра својот 200. меч во плеј-офот.

Кошаркарите на Милвоки го совладаа Торонто со убедливи 104:77 и поведоа со 2-1. Крис Мидлтон со 20 поени го предводеше својот тим, кај гостите Кајл Лаури и Делон Рајт имаа по 13 поени.

Кливленд по голем пресврт успеа да ја совлада Индијана и да поведе со 3-0 во плеј-оф серијата. 

Најново во Кошарка