ИАКО Е БЕК

Средношколец е, ама забива подобро од половина НБА лига (ВИДЕО)

Веројатно на еден ваков потег ќе му аплаудира и оној „друг дел" од ѕвездите во најсилната лига на светот.

објавено: 15 декември 2018 - 08:00

Кошаркарот на средното училиште Оук Риџ од Орландо, Нивен Гловер, изведе едно навистина брутално забивање на кое и дефинитивно може да му бидат љубоморни и голем број од ѕвездите во НБА лигата.
За време на еден дуел од средношколската лига во овој регион, Гловер доби една топка во „контра".

Ja истрча, и притоа направи свртување од 360 степени, ја префрли топката низ нозете и потоа монструозно ја заби во противничкиот кош.

Инаку, за да биде ситуацијата уште почудна, или „посилна", овде станува збор за кошаркар кој игра на бековската позиција, и е висок „само" 196. сантиметри.

 

Најново во Кошарка