ДВОЕН ПЛУС ЗА ПРВАКОТ

СТЕФ КАРИ КАКО „НОВ": „Воините" уште еднаш удрија по Пеликанс (ВИДЕО)

Во доста израмнет натпревар, Голден Стејт го најде патот до вториот триумф над Њу Орлеанс (121:116)...

објавено: 2 мај 2018 - 09:17

Актуелниот првак во НБА лигата има водство од (2-0) во серијата од полуфиналето на плеј-офот од Западната конференција откако со не баш убедливи (121:116), го победија Њу Орлеанс.

За добивката да биде двојна се погрижи и Стеф Кари, кој по неколкунеделна пауза конечно се врати во тимот од Оукленд.
Дека оваа средба ќе биде доста изедначена говори и тоа дека Пеликанс имаа предност во првата четвртина, ја добија со два поени, а ништо поразлично не беше ниту на одморот на кој домашниот тим некако дотурка до плус од три поени.
Натпреварот беше „скршен" дури пред крајот на последниот период кога Голден Стејт направи разлика од 13. поени. Њу Орлеанс се врати, но недoволно за уште еден пресврт.
Конечно опоравениот Кари остана на паркетот 27.минути, а притоа реализираше 28. поени (со седум скока и две асистенции).
Најефикасен беше Кевин Дурент со 29.поени, додека Дрејмонд Грин направи дабл-дабл од 20.поени и 12. асистенции, а еден скок го делеше од троен ефект.
Со двоен ефект кај Пеликанс заврши Ентони Дејвис (15.поени и 15. скока), поен помалку додаде Џру Холидеј кој имаше и по осум скока и додавања. Рондо дополни со 22 а Миротиќ со уште 19 поенои (и девет скока)
Третиот меч од оваа серија е на 5.мај, а ќе се игра во Њу Орлеанс. 

 

Најново во Кошарка