ЧЕТИРИ, ТРИ, ДВА...

Стигнаа казните за „тепачите" – најлошо помина Инграм (ВИДЕО)

Кошаркарот на ЛА Лејкерс е суспендиран на четири натпревари, нетовиот соиграч Ражон Рондо доби еден натпревар помалку, додека бекот на Хјустон Крис Пол ќе пропушти два...

објавено: 22 октомври 2018 - 08:16

Кошаркарот на ЛА Лејкерс Брендон Инграм суспендиран на четири натпревари, нетовиот соиграч Ражон Рондо доби еден натпревар помалку, додека бекот на Хјустон Крис Пол ќе пропушти два...
Ова е епилогот на „тепачката" која една вечер порано се случи во „Стејплс" центарот во ЛА, за време на средбата ЛА Лејкерс – Хјустон Рокетс.
Натпревар по кој многу повеќе од играта се зборуваше за тој инцидент.
Момент по кој Пол тврдеше дека Рондо го плукнал и дека целиот негов тим го подржал во тој „валкан чин", додека од Лејкерс пак велат, дека по прегледаната снимка, такво нешто немало и дека го подржуваат Рондо кој порачал дека такво нешто не направил... 

 

Најново во Кошарка