Во незгоден момент се повлече поради здравствени причини

Тајрон Лу ќе паузира, Кливленд од клупата ќе ги води Лери Дру

Во незгоден момент во финишот на регуларниот дел од сезоната Кливленд кавалирс останаа безс првиот тренер Тајрон Лу, а негова замена ќе биде Лери Дру

објавено: 19 март 2018 - 21:00

Во незгоден момент во финишот на регуларниот дел од сезоната Кливленд кавалирс останаа безс првиот тренер Тајрон Лу, а негова замена ќе биде Лери Дру.

Лу се повлекува поради здравствени причини, па „коњаницата“ на Кливленд предводена од Леброн Џејмс ќе има нов командант од клупата.

„Морам да се повлечам на одредено време. Постојано чувствувам болки во градите во последно време. И покрај сите испитувања не знам точно каква е дијагнозата. Морам да одморам извесен период. Ги информирав челниците на клубот, а се надевам дека наскоро повторно ќе се вратам на клупата на Кливленд“, изјави Лу.

Привремена замена ќе му биде некогашниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс и на уште неколку НБА клубови, Лери Дру, кој досега му беше асистент на Лу.

Најново во Кошарка