НА СРПСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ НЕ МУ ТРЕБАШЕ МНОГУ

Теодосиќ се врати и го реши Торонто, Бостон тешко без Ирвинг (ВИДЕО)

Клиперс во финишот направија пресврт и го совладаа Торонто со 96:91. Чикаго го шокираше Бостон на домашен терен (108:85), Џејмс Харден го предводеше Хјустон до десетата победа во низа. 

објавено: 12 декември 2017 - 09:00

По паузата поради повредата, Милош Теодосиќ се врати на терените и постигна две важни тројки за големиот триумф на ЛА Клиперс на дуелот со Торонто 96:91. Репторси водеа во текот на поголем дел од натпреварот, но Клиперси во самиот финиш направи голем пресврт.

Првата од двете клучни тројки Теодосиќ ја постигна во средината на последната четвртина, додека втората на помалку од минута до крајот за водство на својот тим од 91:87. Теодосиќ мечот го заврши со 12 поени и 7 скока, најефикасен беше Деандре Џордан со 14 поени и 17 скока. Кај Торонто Валанчиунис имаше 23 поени и 15 скока.

Чикаго Булс конечно успеа да дојде да влезе во победничка серија, до третиот врзан триумф дојде откако го совлада Бостон. Селтикси на оваа средба беа без Кајри Ирвинг, кој има повреда, па Булси максимално го искористија неговото отсуство и славеа со 108:85. Миротиќ со 24 поени беше најефикасен, еден поен помалку имаше Портис. На другата страна Хорфорд имаше 15 поени.

Хјустон и натаму продолжува да гази, против Њу Орлеанс ја забележа десетата победа во низа (130:123), а главниот збор на теренот го имаше Џејмс Харден со 26 поени и 17 асистенции.

Голден стејт без Стеф Кари и Дрејмонд Грин дојде до нов триумф, откако на домашен терен го совлада Портланд со 111:104.

Ниту новата победа на шампионот не беше доволна за да се искачи на посакуваното прво место во Западната конференција, кое и натаму му припаѓа на Хјустом, кој има два порази помалку.

Резултати: Чикаго - Бостон 108:85, Хјустон - Њу Орлеанс 130:123, Мемфис - Мајами 82:107, Оклахома - Шарлот 103:106, Голден стејт - Портланд 111:104, ЛА Клиперс - Торонто 96:91.

Најново во Кошарка