Во размена на четири играчи и иден пик на драфт

Тепачот Портис остана во Чикаго, истепаниот Миротиќ си замина во Њу Орлеанс

Никола Миротиќ во иднина ќе игра за Њу Орлеанс пеликанс, откако во размена со три кошаркари и еден иден пик на драфт си замина од Чикаго булс

објавено: 2 февруари 2018 - 09:00

Никола Миротиќ во иднина ќе игра за Њу Орлеанс пеликанс, откако во размена со три кошаркари и еден иден пик на драфт си замина од Чикаго булс.

Во замена за црногорскиот репрезентативец Булс ги добија Омер Ашик, Тони Ален и Џамир Нелсон.

Миротиќ е еден од најдобрите шести играчи во НБА, или прва замена, а кај Пеликанс веројатно ќе биде стартер, особено по повредата на Демаркус Казинс. Со Ентони Дејвис ќе бидат одлична напаѓачка опција за Њу Орлеанс, тим кој го ангажираше и крилниот центар Грег Монро од Феникс санс.

Миротиќ беше вмешан во големиот инцидент со Боби Портис, а го извлече подебелиот крај во тепачка на двајцата играчи на Чикаго. Портис го нападна и удри Миротиќ на тренинг, а Црногорецот претрпе потрес на мозокот и му беше скршена вилицата.

Во Њу Орлеанс од идната сезона ќе има загарантирана плата од 12,5 милиони евра годишно.

Најново во Кошарка