НЕМА НАМЕРА ДА ЗАПРЕ...

ТОЈ Е ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Леброн наполни 34 години, до кога може да игра на топ ниво? (ВИДЕО)

Крилниот играч на ЛА Лејкерс денеска полни 34.години, а во својата и тоа како богата кариера има освоено скоро се, како тимски така и индивидуални награди, доволно за некој да го сметаат за најголемиот кошаркар на сите времиња...

објавено: 30 декември 2018 - 20:10

Леброн Џејмс е роден на 30.декември 1984 година во Акрон, сојузна држава Охајо, а во НБА лигата дојде директно од средното училиште, во 2003 година.
И до сега во 15 години долгата НБА кариера, играше за Кливленд Кавалирс (во два наврати), Мајами Хит, а од минатото лето и за Лос Анџелес Лејкерс.
Џејмс беше четири пати прогласуван за најкорисниот играч на лигата, а три пати го освои шампионскиот прстен во НБА лигата. Можеби уште поимпресивно е тоа дека тимот кој го предводи Џејмс, секоја година од 2011, играше во финалето на НБА лигата и четири пати ја освојуваше источната конференција (четири пати со Кливенд и четири пати со Мајами).

Во сите три наврати кога негтовито тим ја освојуваше НБА лигата, беше МВП на финалетп, а на НБА Ол-стар викендот беше биран 14.пати досега, додека пак 12 пати беше дел од најдобрата петорка на лигата.
Пет пати е прогласуван во најдобриот дефанзивен тим на лигата, а беше и најдобар „руки" во 2004 година.
Со репрезентацијата на САД освои еден бронзен и два златни медали на Олимписките Игри, како и бронза на Мундобаскетот во 2006 година во Јапонија.

Досега во својата кариера немал ниту една посериозна повреда, а во изминатите покажа завидно ниво на подготвеност. Па тешко е да се прогонозира колку ќе (по)трае неговата блескава кариера, макар што денеска полни 34.години!
Леброн Џејмс е првиот меѓу оние активни играчи според бројот на уфрлени поени во НБА кариерата – уфрли скоро 32.000 од старто на кариерата, а најблиски следбеници меѓу „активните" му се Дирк Новицки, Кармело Ентони и Винс Картер.
До врвот на таа вечна листа каде е недопирливиот Карим Абдул-Џабар му недостасуваат нешто повеќе од шест илјади поени. А ако сака да го престигне легендарниот центар на „езерџиите", тогаш Џејмс ќе мора да ги „прескокне" уште и Мајкл Џордан, Коби Брајант и Карл Мелоун.

Дали Џејмс направи доволно во кариерата за да биде поставен во рангот на најголемите имиња на оваа игра како Мајкл Џордан, Ирвинг „Меџик" Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Вилт Чембрлен?

 

Најново во Кошарка