ШОКАНТНА ОДЛУКА НА ТОРОНТО РЕПТОРС

Го оствари најдобриот резултат во историјата на клубот, доби награда за тренер на годината, на крајот му врачија отказ

Иако оствари историски најуспешна сезона во историјата на клубот, и беше прогласен за најдобар тренер во лигата, на Кејси не му беше простена елиминацијата со 0-4 против Кливленд во источното полуфинале

објавено: 11 мај 2018 - 22:30

Изненадувачки или не, 61-годишниот Двејн Кејси веќе не е тренер на Торонто репторс. Кејси седум сезони седеше на клупата на канадскиот тим, од кои во пет играа плејоф. Оваа сезона му беше најуспешна, Репторс беа први на Истокот, имаа најуспешна сезона во клупската историја (59 победи во регуларната сезона), но не ги исполнија очекувањата во плејофот и беа елиминирани на срамен начин, со „метла“ од 0-4 во конференциското полуфинале. 

Веќе почнаа шпекулации дека за Кејси има интерес од Детроит пистонс и Орландо меџик. Фаворит за преземање на клупата на Торонто е Мајк Баденхолцер, кој беше избркан од Атланта, но во игра се и Џери Стакхаус (лани беше тренер на годимната во развојната Г-лига) и помошникот Ник Нурс. 

Најново во Кошарка