НОВ „СКОК" НА ПЛЕЈОТ НА ГОЛДЕН СТЕЈТ

ТРЕТ „ТРОЈКАШ": Кари го мина и Џејсон Тери на вечната листа

Реј Ален и Реџи Милер се оние кои засега му стојат на патот на Кари да стане најдобар стрелец за три поени во историјата на НБА лигата.

објавено: 12 јануари 2019 - 08:13

Откако во октомври 2018 го мина Пол Пирс на вечната листа стрелци за три поени во НБА лигата, три месеци подоцна плејот на Голден Стејт, Стив Кари, прави нов скок, односно влезе во „топ три" минувајќи го Џејсон Тери (2.282).

Кари кој со 28 поени го предводеше Голден Стејт во победата над Чикаго (146:109) со тројката, постигната на почетокот на третиот дел (2.285) го стави и на третото место на вечната листа.

Интересно е што Кари има одиграно само половина натпревари (655) во НБА од конкуренцијата и доколку не се повреди тогаш со сезоната 2020/2021 може да стане најдобриот стрелец за три поени во историјата на НБА лигата.

Реј Ален (2.973) и Реџи Милер (2.560) се оние кои засега му стојат на патот на Кари.

Најново во Кошарка