„КЕЛТИТЕ" ПОСИЛНИ ОД СИТЕ ПРОБЛЕМИ...

Трилингот на Бостон го реши „Процес" (ВИДЕО)

Бостон ги имаше расположените Розиер, Тејтум и Хорфорд, кои со сигурна игра му донесоа прва победа на Селтикс во полуфиналето против Филаделфија (117:101)...

објавено: 1 мај 2018 - 08:30

Сјаен натпревар одигра Бостон против „процесот" Џоел Ембид и неговите другари. Особено беа сконцентрирани во одбраната против транзиција и против противничкиот шут за три поени. А нивниот успех е поголем ако се земе в предвид фактот дека низ текот на сезоната имаа(т) сериозни проблеми со повредите.

Уште на стартот поради тешка повреда сезоната ја заврши Гордон Хејворд, првата ѕвезда на тимот, Кајри Ирвинг исто така нема да игра до крајот на оваа сезона, а пред некој ден се повреди и Џејлен Браун (повреда на слабината).

Но сите овие отсуства ги надополни триото Тери Розиер, Џејсон Тејтум и Ал Хорфорд, кои беа клучни играчи во триумфот над Филаделфија (117:101).
Најефикасен беше Розиер со 29.поени (плус осум скока и шест асистенции), и имаше одличен шут за три поени (7/9). Џејсон Тејтум даде едне помалку, додека пак ветеранот Хорфорд заврши со 26.поени, седум скока и четири додавања.
„Двоцифрен" кај Селтика беше и Маркус Морис со 11.поени.

Тејтум стана првиот „руки" на Бостон кој остварил 28 и плус поени на еден меч од плеј-офот уште од времето на Лери Бирд (од 1980 година).

Филаделфија, која имаше минимална предност на стартот на мечот, и на почетокот на вториот период, ја предводеше Ембид со страшен дабл-дабл од 31.поен и 13. скока (плус пет додавања). Џеј-Џеј Редик уфрли 20, Бен Симонс 18, а Хрватот Дарио Шариќ уште 12.поено (седум скока и четири асистенции).
Наредниот меч помеѓу Бостон и Филаделфија ќе се игра во ноќта (четврток спрема петок од 02.30 часот).

  

Најново во Кошарка