ШАМПИОНОТ НЕЗАДРЖЛИВ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

Тројца играчи заедно дадоа над 100 поени

Кливленд речиси само со тројца играчи славеше против Лејкерс

објавено: 20 март 2017 - 08:40

Кајри Ирвинг со 46 поени беше предводник на Кливленд во триумфот на гости кај Лос Анџелес Лејкерс од 125:120. Шампионот, потешко од очекувањата стигна до посакуваната победа. По три четвртини беше во негатива од 10 поени, но решавачката четвртина ја доби со 43:28 и на крајот се радуваше. 

Освен Ирвинг, одлични беа и Леброн Џејмс со 34 поени, додека Кевин Лов додаде 21 поен. Вкупно, триото на гостите реализираше дури 101 поени, со што се покажува колку Лејкерс немаше одговор за најдобрите играчи на шампионот.

Демиен Лилард имаше своја вечер, откако даде 49 поени, во победата на Портланд на гости кај Мајами. Бекот на гостите даде девет тројки од 12 обиди, а имаше и перфектни 12 од 12 од линијата за слободни фрлања. На крајот, Портланд победи со 115:104.

Резултати: ЛА Лејкерс - Кливленд 120:125, Сан Антонио - Сакраменто 118:102, Њу Орлеанс - Минесота 123:109, Мајами - Портланд 104:115, Бруклин - Далас 104:111, Филаделфија - Бостон 105:99, Детроит - Феникс 112:95, Торонто - Индијана 116:91. 

Најново во Кошарка