ПРВО КАЖА ДЕКА ЗЕМЈАТА Е РАМНА ПЛОЧА, А СЕГА...

УШТЕ ЕДЕН „БИСЕР" НА КАЈРИ: За мене Божиќ не е празник!

Ол-стар бекот на Бостон не е премногу возбуден, и не го чувствува Божиќ како нешто што треба да се празнува...

објавено: 23 декември 2017 - 13:30

„Божиќното уживање и возбудување мене воопшто не ме интересираат. За мене Божиќ не е празник. Но, задоволен сум со фактот дека можам повеќе време да го поминам со своето семејство"...

Вака вели Кајри Ирвинг, еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата во пресрет на празниците кои ги слави целиот свет, оние Божиќните.
Се чини ништо ново од него, особено ако се знае дека пред извесно време го шокираше светот со изјавата дека Земјат е една рамна плоча.
Токму на католичкиот Божиќ Селтикс се домашини на Вашингтон Визардс.

Најново во Кошарка