ШАМПИОНОТ Е НА „ПОЛОВИНА ПАТ“ ДО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ЗАПАДОТ

Вејд го чува Мајами, Вориорс без проблем (ВИДЕО)

Мајами Хит стигна до „брејк" на вториот меч против Филаделфија откако победи со (113:103), за нерешени (1:1) во серијата. Шампионот сигурен по втор пат против Сан Антонио (116:101)...

објавено: 17 април 2018 - 08:30

Кошаркарите на Мајами Хит го направија второто изненадување на почетокот на плеј-офот во НБА лигата. Победија во Филаделфија со (113:103) и израмија во серијата на Истокот која сега се префрла на Флорида.

Само во првата четвртина „фаворитот на хартија" имаше предност од (17:5). На почетокот на втората Мајами одговори со своја серија од (18-2), и во тој дел го реши прашањето околу победникот. Резултатот во тие 12. минути беше (33:14) за гостите во чии редови блесна Двејн Вејд. Стрелец на 28.поени (плус и седум скокови), а голема подршка имаше од Горан Драгич и Џејмс Џонсон кои уфрлија 20 односно 18. поени.

Со овој ефект, Вејд стигна до десетото место на листата на најдобрите стрелци на лигата во плеј-офот. Дури 15 од нив ветеранот на Мајами даде во вториот, решавачки период.
Кај Филаделфија, Бен Симонс имаше 24. поени, девет скока и осум асистенции. Дарио Шариќ уфрли 23 поени заедно со девет скока и три асистенции.
Голден Стејт без многу проблеми дојде до (2:0) против Сан Антонио (116:101).
Кевин Дурент имаше 32.поени, Клеј Томпсон еден помалку Кај Сан Антонио Ламаркус Олдриџ имаше дaбл-дабл скор од 34.поени и 12 скокови. 

Најново во Кошарка