ЌЕ ЈА ИГРА И 16 СЕЗОНА ВО НБА

ВЕЈД ОДЛУЧИ: Уште оваа игра, и толку!

Легендата на Мајами Хит, и троен носител на шампионскиот прстен во НБА лигата објави дека ќе игра уште една сезона,која ќе биде и последна за него во кариерата.

објавено: 18 септември 2018 - 08:30

Долго време се шпекулираше околу тоа која ќе биде одлуката на Двејн Вејд ова лето, на крајот „Ди-Вејд" реши дека ќе игра уште една сезона – неговата 16. во кариерата.

„Секогаш ги работев работите на свој начин. Дали биле добри или лоши, до ова дојдов затоа што работев и чувствував дека е нешто исправно и за семејството и за себе. А чувствувам дека е исправно, луѓе, да ве замолам да ми се приодружите во мојата последна игра, во уште една сезона"- потврди Вејд.

Дојде во НБА лигата во 2003 година, како петти пик на драфтот, каде го одбра Мајами кој не го напушти се до 2016 година.
Една сезона помина во Чикаго Булс, а оваа година со трејд се врати на Флорида. Се очекува со Хит да потпише едногодишен договор вреден 2.4 милиони долари.
Вејд е играч кој бил 12.пати биран за учество на Ол-стар натпреварите. Со Мајами освои три шампионски прстени, а во 2006 годна беше МВП на финалето. Исто така беше и најдобар стрелец, асистент, освојувач на топки, и рекордер според бројот на одиграни мечеви за франшизата од Флорида.

Најново во Кошарка