Ноќ на изненадувања

Вејтерс го реши Голден стејт, Пеликанс го урнаа шампионот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами го приредија најголемото изнендување на вечерта, на домашен терен го совладаа Голден стејт со 105:102 во одличната вечер на Дион Вејтерс. Кливленд на гостувањето кај Њу Орлеанс беше поразен со 124:122.

објавено: 24 јануари 2017 - 08:53

Голден стејт во поголем дел од средбата беше немоќен против Мајами. Гостите имаа водството во втората и третата, и кратко во последната четвртина, за да потоа Мајами се одвои на двоцифрена предност. Сепак вицешампионот, се разбуди во финишот на натпреварот, но немаше среќа.

Дион Вејтерс го одигра најдобриот меч во својата кариера, при 102:102 постигна тројка за конечни 105:102. На крајот запиша 33 поени и пет скока.

Во редовите на Вориорс најефикасен беше Кевин Дурент со 27 поени и шест скока, Клеј Томпсон имаше 22 поени, додека Стеф Кари забележа еден помалку.

И покрај поразот, Голден стејт останува на првото место на Западот со скор од 38-7.

Второто изненадување се случи во Њу Орлеанс, каде Кливленд беше поразен со 124:122.
Домашниот тим доминираше во текот на целиот меч. Џонс и Холидеј го предводеа Њу Орлеанс, заедно постигнаа 6 поени. Кај шампионот, Кајри Ирвинг имаше 49 поени, додека Леброн Џејмс застана на 26 поени и 12 асистенции.

Резултати: Шарлот - Вашингтон 99:109, Атланта - ЛА Клиперс 105:115, Бруклин - Сан Антонио 86:112, Детроит - Сакраменто 104:109, Мајами - Голден стејт 105:102, Индијана - Њујоркс 103:109, Милвоки - Хјустон 127:114, Њу Орлеанс - Кливленд 124:122, Јута - Оклахома 95:97.

Најново во Кошарка