ПЛЕЈ-ОФ ВО НБА: КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА НА ИСТОКОТ

Веќе нема ништо сигурно, дури ни во Кливленд

Вечерва од 21.часот, почнува плеј-офот во НБА лигата, а кога станува збор за сериите на Истокот, се чини дека за разлика од претходните години, Кливленд Кавалирс веќе не се аполутни фаворити.

објавено: 14 април 2018 - 14:50

Нема време за одмор во НБА лигата. Само три дена беше паузата помеѓу оној регуларен дел и она што се нарекува плеј-оф, или доигрување за шампионската титула.
Стартот е вечерва од 21.часот, кога на едната страна од теренот ќе се појави актуелниот првак, Голден Стејт Вориорс, а на другата еден од најстабилните клубови во НБА па и во на светот, Сан Антонио Спарс.
Кога се зборува за прогнозите околу тоа кој би ја поминал првата рунда на плеј-офот во источната конференција, се чини дека тука нема да има ниту едно „чистење".
И што е побитно да се напомене, и тоа со сигурност, Леброн Џејмс и Кливленд веќе не се така сигурни дека може да застанат некаде на „половина пат"...
(1) Торонто – (8) Вашингтон
Серија која треба да ја решат бековите. На една страна се Демар Дерозен и Кајл Лаури, на другата пак Џон Вол и Бредли Бил.

Две доста израмнети екипи, но онаа од Канада има поголема стабилност која може да биде решавачка во оваа серија. Си поделија и по две победи во регуларниот дел од лигата.
Но сепак се чини дека канадскиот тим е поблиску до следната рунда, и се чини нова серија со Кливленд Кавалирс, која може да им биде шанса за реванш за она што го „добија" во ланската.
Прогнозите велат: 4-2 за Репторс.
(2) Бостон – (7) Милвоки
Два тима со сосема поинакви ситуации на клупата. Бостон го има Бред Стивенс, кој секоја година прави „мали чуда", додека пак кај Милвоки место Џејсон Кид на клупата седи Џо Прунти.
Но пред Бред Стивенс сега е доста потешка задача, остана без Хејворд, а во плеј-офот не може да смета ниту на Кајри Ирвинг и на Даниел Тејс, како и на Маркус Смарт, барем не во оваа рунда.


Селтикс играат, функционираат како тим, но прашање е колку можат да ги издржат овие удари.
Можеби полесно им е од еден друг аспект, дека кај нивниот прв ривал во плеј-офот се некако се врти околу еден играч Јанис Адетокумпо кој сеуште нема добиено ниту една плеј-оф серија.
Накратко, без некоја подлабока анализа, Бостон има свој систем, а во овој момент Милвоки има поголем индивидуален талент. Тоа често може да донесе предност во вакви серии, па можеби и сега. Тешко е да се прогонозира оваа серија која може да донесе и изненадување, Милвоки да влезе во следниот круг, макар и преку „мајсторка".
(3) Филаделфија – (6) Мајами
Сиксерс се во една голема серија од 16. победи, макар 13 од нив против екипи кои одамна се простија од плеј-офот. Но и девет од нив без Џоел Ембид, кој извесно е, нема да игра и во некои мечеви од оваа прва рунда на плеј-пофот. Но ако не успее да се опорави во догледно време, тоа е веќе сериозен проблем за тимот од Филаделфија, затоа што е нивниот најдобар играч и во нападот и во одбраната.

Со Ерик Сполстра, Мајами секогаш наоѓа начин да биде конкурентен, па така е и сега, и покрај тоа што после 30.мечеви остана без Дион Вејтерс. Товарот во нападот е рамномерно поделен, а системот е пред поединците. Па затоа после најдобриот стрелец, Горан Драгич, кој е на просек од 17.3 поени, следуваат дури седуммина со двоцифрен просек кај поените.
Се очекува голема борба, добра кошарка, онака „ за око". Ако Ембид се опорави на време, треба да очекуваме победа на Филаделфија, (4-2) или (4-3) сеедно.
(4)Кливленд – (5) Индијана
Турбулентната сезона на Кливленд има само една константа – Леброн Џејмс.
И кога е против целиот свет, и кога доби добри вести, односно нови играчи, „Кралот" беше незадржлив во нападот, и игра уште една сезона во МВП стил.

Но, проблемот на Кaвс не е на таа страна од паркетот, туку во дефанзивата, каде многу често делуваа(т) загубено и невоиграно, што е и донекаде логично поради тие големи промени и повреди во тимот. Трчаа(т) слабо и си дозволува себеси некои невидено поразувачки игри.
Но и покрај тоа, Кавалирс се фаворитот против пријатното изненадување во оваа сезона – Индијана.
Причината е јасна, Пејсерс нема играч кој може да го чува Џејмс. Иако сигурно, во тоа ќе се обиде Ленс Стивенсон, кој имаше успех во онаа славна серија во која Мајами Хит едвај се спаси.
И иако ги надминаа сите очекувања во оваа сезона јасно е дека тимот од Индијанаполис не може да земе четири победи против Леброн и друштвото, макар и во ваква состојба во која нема баш некоја „хемија".
Предвидувањата се дека може да добијат еден максимално два натпревари во серијата по која победникот оди на подобриот од онаа во која Торонто е фаворит против Вашингтон.

Најново во Кошарка