„КРАЛОТ“ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА НБА

ВЕЛИЧЕНСТВЕНА ПАРТИЈА: Леброн со 57 поени го урна Вашингтон (ВИДЕО)

По серијата од четири порази во низа, Кливленд конечно дојде до победа, благодарение на Леброн Џејмс и неговите 57 поени го совлада Вашингтон со 130:122. 

објавено: 4 ноември 2017 - 08:00

По серијата од четири порази во низа, Кливленд конечно дојде до победа, благодарение на Леброн Џејмс и неговите 57 поени го совлада Вашингтон со 130:122.

„Кралот" имаше 67 отсто реализација од игра, зад своето имаше запиша уште 11 скока и седум асистенции. На оваа средба Џејмс стана седмиот играч во историјата на БА-лигата, кој стигна до бројката 29.000 поени во својата кариера. Тој воедно е и најмладиот играч кој дојде до ова остварување, а за тоа му беа потребни 1070 натпревари.

Леброн во НБА-лигата дојде во 2003 година како прв пик на драфтот од страна на Кливленд, а играше уште за Мајами и освои три шампионски прстени.

Најново во Кошарка