ДОАЃА ДИРЕКТНО ОД СРЕДНО УЧЛИШТЕ

ВЕСТБРУК ДОБИВА СЕРИОЗНА КОНКУРЕНЦИЈА: Се појави нов „кршач" на обрачи (ВИДЕО)

До пред извесно време, односно два дена, се веруваше дека единствено Расел Вестбрук може да го скрши обрачот на кошот.

објавено: 4 јануари 2018 - 09:00

Но сега се појави еден средношколец кој исто така е спремен за такви „дела".

Расел Вестбрук е најжестоко момче во овој момент во НБА лигата. Би се рекло и со право, ако се погледне што се бекот на Оклахома Сити може да направи за време на еден натпревар.
Но, Америка добива, се чини уште еден спектакуларен кошаркар, а за да биде изненадувањето уште поголемо, доаѓа од едно средно училиште.


Се вика Мајк Хејс, и неговото играње на кошарка изгледа навистина неверојатно, и во буквална смисла на зборот, „малиот" растура вистински, во стилот на популарниот „Рас".
За време на еден натпревар на неговиот тим, младиот кошаркар истрча сам во „контра", сакаше да забие атрактивно. Но наместо да го направи тоа како што треба, едноставно го скина обрачот, а настрада и таблата! 

 

Најново во Кошарка