Кошаркарот на Оклахома не застанува

Вестбрук го израмни трипл-дабл рекордот на Робертсон (ВИДЕО)

Најдобриот кошаркар на Оклахома утринава, во победата против Милвоки од 110:79, имаше 12 поени односно по 13 скокови и асистенции со што го оствари 41 трипл дабл во сезоната и се израмни со легендарниот Оскар Робертсон

објавено: 5 април 2017 - 08:32

Расел Вестбрук продолжува со неверојатната сезона која што ја има зад себе.

Најдобриот кошаркар на Оклахома утринава стигна до 41 трипл-дабл во сезоната со што се израмни со легендарниот Оскар Робертсон. Вестбрук за минати 27 минути на паркетот имаше 12 поени и по 13 скокови односно асистенции. Немаше потреба за да биде дополнително форсиран бидејќи и неговите соиграчи беа расположени и остварија убедлива победа над Милвоки од 110:79.

Интересно е што шанса за настап на утринскиот натпревар добија сите, а единствено во листата на стрелците не се запиша единствено Ник Колисон. Идентична беше ситуацијата и кај гостите, каде што единствено кошот не успеа да го погоди Џејсон Тери.

Најефикасен играч на теренот беше Турчинот Кантер кој за 15 минути на теренот даде 17 кошеви.

Денвер Нагетс со победата над Њуорленс Пеликанс на гости од 134:131 останува во игра за олеј-офот на Западот. И покрај тоа што Дејвис и Казнс заедно постигнаа 71, поен, тоа беше недоволно за домаќините да остварат победа. Кај гостите одлични беа Галинари кој уфрли 28 поени, како и Никола Јокиќ кој оствари нов дабл-дабл од 21 кош и 12 скокови.

Денвер кој има минус еден меч во однос на осмопласираниот Портланд, има и една победа помалку во борбата за последното место кое носи плеј-оф во на Западот.\

Актуелниот првак Кливленд Кавалирс се врати на првото место откако пред домашните навивачи го победи Орландо со 122:102. Одлична партија имаше „Кралот" Леброн Џејмс кој забележа трипл-дабл од 18 поени, а додаде и по 11 скокови и асистенции.

НБА
Кливленд – Орландо 122:102, Индијана – Торонто 108:90, Филаделфија – Бруклин 118:141, Вашингтон – Шарлот 118:111, Њуорленс – Денвер 131:134, Њујорк Никс – Чикаго 100:91, Оклахома – Милвоки 110:79, Сан Антонио Спарс – Мемфис 95:89, Јута – Портланд 106:87, Голден Стејт – Минесота 121:107, Сакраменто – Далас 98:87

Најново во Кошарка