ЅВЕЗДАТА НА ОКЛАХОМА ПОКАЖА КОЛКУ Е ПРЕЦИЗЕН

Вестбрук го погоди судијата со баскетот, директно во глава (Видео)

Во првата четвртина од гостувањето кај Шарлот, Вестбрук го фрли баскетот кој заврши директно во главата на арбитарот. Расел се правдаше дека не било намерно, но оценете сами дали е така. На крај неговиот тим загуби со 123:112

објавено: 5 јануари 2017 - 09:13

Расел Вестбрук е еден од најпрецизните шутери во НБА лигата. И утрово беше на нивото на задачата и даде 33 поени за Оклахома, но неговиот тим загуби со 123:112, на гости кај Шарлот. Сепак потегот на вечерта на Вестбрук не беше некој атрактивен поен, туку тоа што успеа да го погоди судијата директно во глава со баскетот. 

Пред крајот на првата четвртина, кога беше повикан тајм-аут, Вестбрук го имаше баскетот во своите раце, го фрли, а тој заврши директно во главата на судијата. Ѕвездата веднаш почна да скока и да се извинува, велејќи дека било ненамерно, но за неговиот потег доби техничка грешка.

Шампионот Кливленд бепше немоќен на свој терен и со 94:106 загуби од Чикаго. Соло играта на Леброн Џејмс, кој постигна 31 поен, не беше доволно да се сопре разиграниот Чикаго да направи изненадување.

Ѕвездите на Голден Стејт уште еднаш беа шутерски расположени и затоа тимот победи против Портланд со 125:117. Стеф Кари и даде 35 поени, а Дурант додаде 30, за победничкиот тим. Атланта стигна до четвртата победа по ред, овојпат се радуваше на гости кај Орландо. 

Резултати: Шарлот - Оклахома 123:112, Орландо - Атланта 92:111, Њујорк - Милвоки 104:105, Кливленд - Чикаго 94:106, Голден Стејт - Портланд 125:117, ЛА Клиперс - Мемфис 115:106, Сакраменто - Мајами 102:107. 

Најново во Кошарка