Ново шоу на бекот на Оклахома

Вестбрук како во „транс“, со нов трипл-дабл (ВИДЕО)

Оклахома на крилата на Расел Вестбрук и неговиот деветти трипл-дабл го совлада Вашингтон со 126:115. 

објавено: 1 декември 2016 - 08:57

Оклахома на домашен терен го совлада Вашингтон со 126:115 по продолжението и благодарение на Расел Вестбрук. Бекот на Тандерс го забележа деветтиот трипл-дабл сезонава (четвртти во низа) овој пат постигна 35 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Во последната четвртина и во продолжението Вестбрук имаше 21 поен со одлични 7/15 од поле, шест скока и пет асистенции. По овој меч тој повторно го престигна Леброн Џејмс на вечната листа со еден трипл-дабл повеќе, однос 46.

Сан Антонио веднаш се врати на победничките патеки, на гостувањето кај Далас славеше со 94:87 во одличната партија на Пети Милс, кој постигна со 23 поени.

Резултати: Бостон - Детроит 114:121, Торонто - Мемфис 120:105, Чикаго - ЛА Лејкерс 90:96, Минесота - Њујорк 104:106, Оклахома - Вашингтон 126:115 (прод.), Далас - Сан Антонио 87:94, Денвер - Мајами 98:106, Феникс - Атална 109:107, Портланд - Индијана 131:109.

Најново во Кошарка