ПО ВТОРИОТ ПОРАЗ ОД ХЈУСТОН

ВЕСТБРУК: Мојот учинок? Баш ми е гајле, изгубивме! (ВИДЕО)

Расел Вестбрук повторно имаше надреални бројки, но неговата Оклахома повторно беше поразена од Хјустон во плеј-офот. 

објавено: 20 април 2017 - 09:05

Расел Вестбрук не можеше сам против Хјустон, имаше дури 26 промашувања од игра, од кои 14 во последната четвртина, доволно за пораз на Оклахома од 115:111. Ѕвездата на Тандерс запиша нов трипл-дабл од 51 поени, 10 скока и 13 асистенции.

По завршување на натпреварот на прашањето што мисли за својот учинок, тој кратко одговори:

„Мојот учинок? Баш ми е гајле, изгубивме", рече Вестбрук.

 

Најново во Кошарка