НБА

Вестбрук повторно „промаши“ победа (ВИДЕО)

Атланта успеа да ги преживее 40. поени на Расел Вестбрук. На гостувањето кај Оклахома славеше со 108:110.

објавено: 20 декември 2016 - 08:31

Оклахома и Атланта одиграа доста интересен натпревар, кој на крајот им припадна на гостите (108:110). На три секунди до крајот Расел Вестбрук имаше шанса да донесе победа, но неговиот шут за три поени беше премногу краток. Претходно во истиот напад, имаше неуспешен влез.

По овој меч, бекот на Тандерс беше прогласен за „најлошиот шутер на важните поени во последните секунди". Вестбрук до сега петпати се има најдено во истата ситуација, но ниту еднаш не успеал да погоди.
Вредно е да се напомене дека Вестбрук веќе третти меч сезонава постигнува повеќе од 40 поени.

Во таборот на Атланта клучните поени ги постигна Пол Милсеп, на 50 секунди до крајот реализираше два поени.
На крајот Шроедер со 31 поен и Милсеп со 30 поени беа најефикасни кај Атланта.

Резултати: Индијана - Вашингтон 107:105, Чикаго - Детроит 113:82, Минесота - Феникс 115:108, Оклахома - Атланта 108:110, Денвер 117:107.

Најново во Кошарка