остварување за почит

Вестбрук само четврти играч во историјата на НБА со 100. трипл-дабл

Ѕвездата на Оклахома влезе во друштво на легендарните Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Џејсон Кид, кои ја надминале бројката од 100 вакви остварувања 

објавено: 14 март 2018 - 08:30

Расел Вестбрук утрово влезе во историјата на НБА лигата. Ѕвездата на Оклахома стана само четвртиот играч во историјата на оваа лига, кој во кариерата остварил 100. трипл-дабл. Пред него се само легендите Оскар Робертсон (рекордер со 181 вакви остварувања), Меџик Џонсон (138) и Џејсон Кид (107).

Јубилејниот 100 трипл-дабл, Вестбрук го забележа на гостувањето кај Атланта, во победата од 119:107. Гостите во решавачката последна четвртина направија серија од 16:0, го превземаа водството и на крајот се радуваа на триумф. Вестбрук заврши со 32 поени, 12 асистекции и 10 скока. 

Колку само за споредба, легендарниот Вилт Чемберлен кариерата ја заврши со 78 трипл-дабл остварувања, додека ѕвездата на Кливленд, Леброн Џејмс засега има 68 трипл-дабл. 

Резултати: Филаделфија - Индијана 98:101, Вашингтон - Минесота 111:116, Атланта - Оклахома 107:119, Бруклин - Торонто 102:116, Њујорк - Далас 97:110, Чикаго - ЛА Клиперс 106:112, Њу Орлеанс - Шарлот 119:115, Сан Антонио - Орландо 108:72, Јута - Детроит 110:79, Феникс - Кливленд 107:129, ЛА Лејкерс - Денвер 112:103.

Најново во Кошарка