Ѕвездата на Тандерс дојдо до 44. трипл-дабл

Вестбрук се изедначи со Леброн (ВИДЕО)

Оклахома на домашен терен го совлада Детроит со 100:88, Голден стејт ја забележа 11. победа во низа, откако славеше на дуелот со Минесота (115:102). Победнички ритам држи и Сан Антонио. 

објавено: 27 ноември 2016 - 08:56

Расел Вестбрук со трипл-дабл ја предводеше Оклахома до седмата победа сезонава. Тандерс на домашен терен го совладаа Детроит со 100:88, а бекот постигна 17 поени, 13 скока и 15 асистенции за седми трипл-дабл сезонава, односно 44. во неговата кариера. Со овој трипл-дабл, Вестбрук се изедначи со Леброн Џејмс на вечната листа и двајцата ја делат шестата позиција.

Голден стеј ја запиша 11. победа во низа, нова жртва на Вориорс беше Минесота (115:102). Стеф Кари со 34 поени, осум скока и шест асистенции го предводеше својот тим. Дурент оствари дабл-дабл учинок од 28 поени и 10 скока, додека Клеј Томпсон имаше 23 поени.

И Сан Антонио е во победнички ритам. Спарси на гостувањето кај Вашингтон славеа со 112:100 за десетти триумф во низа. ЛаМаркус Олдриџ со 24 поени ги предводеше гостите. 

Резултати: Шарлот - Њујорк 107:102, Вашингтон - Сан Антонио 100:112, Мајами - Мемфис 107:110, Оклахома -Детроит 106:88, Голден стејт - Минесота 115:102.

  

Најново во Кошарка