Игра во „страшна“ форма

Вестбрук се „намерачи“ на МВП наградата

Членот на „громовите" имаше нов трипл дабл во новата победа над својот тим од 101:92 над Њуорленс Пеликанс

објавено: 5 декември 2016 - 09:25

Расел Вестбрук продолжува со своите маестрални партии сезонава. Најдобриот играч на Оклахома Сити Тандер имаше нов трипл дабл, овој пат на мечот против Њу Орлеанс Пеликанс, каде што „громовите" победија со 101:92.
Вестбрук имаше ново неверојатно остварување од 28 поени 12 асистенции и 13 скокови. Сепак, тој не го понесе признанието за најефикасен играч на мечот, бидејќи тоа замина кај Ентони Дејвис со 37 поени.

Дефинитивно ако продолжи со ваквата одлична форма Вестбрук ќе претставува и најсериозниот кандидат за признанието за најдобар играч во оваа сезона. Но, за да дојде до тоа, „громовите" најверојатно ќе треба да ја освојат и титулата во најсилната кошаркарска лига.

НБА ЛИГА

Детроит – Орландо 92:98
Оклахома – Њуорленс Пеликанс 101:92
Њујорк Никс – Сакраменто Кингс 106:98
ЛА Клиперс – Индијана 102:111

Најново во Кошарка