НБА

Вестбрук стигна до 18. трипл дабл, нов пад на шампионот (ВИДЕО)

Расел Вестбрук ја предводеше Оклахома до победата над Мемфис (103:95). Нов пораз за Кливленд, овој пат на гостувањето кај Портланд 102:86.  

објавено: 12 јануари 2017 - 09:10

Оклахома го совлада Мемфис со 103:95 во одлично издание на Расел Вестбрук, кој овој пат забележа трипл-дабл од 24 поени, 13 скока и 12 асистенции. За ѕвездата на Тандерс ова беше 18. трипл-дабл сезонава, а 55. во неговата кариера.

Кливленд го забележа вториот пораз во низа, откако на гостувањето кај Портланд беше совладан со 102:86.
Шампионот немаше решение за МекКалум, кој средбата ја заврши со 27 поени. На другата страна Леброн Џејмс имаше 20 поени и 11 скока.

Резултати: Филаделфија - Њујорк 98:97, Бостон - Вашингтон 117:108, Минесота - Хјустон 119:105, Оклахома - Мемфис 103:95, ЛА Клиперс - Орландо 105:96, Портланд - Кливленд 102:86.

Најново во Кошарка