КАВСИ ВЛЕГОА ВО РИТАМ

Вестбрук во „сенка“, Леброн царуваше во Оклахома (ВИДЕО)

Кливленд ја продолжија победничката серија откако на гостувањето кај Оклахома славеа со 120:112.

објавено: 14 февруари 2018 - 09:00

Кливленд пред неколку дена во само неколку часа ја промени пола екипа, а тоа пак засега дава резултати. Потврдата стигна по триумфот на гостувањето кај Оклахома (120:112).

Првата четвртина мина во изедначена игра на двете страни, на крајот гостите заминаа со минимални 29:28. Во следниот период Кавси беа многу подобри, во еден момент имаа плус 10, но Тандерс на одморот имаа негатива од пет поени 62:57.
Домашниот состав успеа да направи пресврт, но до крајот на мечот Кливленд успеа да воспостави рамнотежа и да дојде до четвртата победа во низа.

Леброн Џејмс со 37 поени, осум скока и исто толку асистенции го предводеше сојот тим, на другата страна Расел Вестбрук имаше 21 поен.

Кливленд и натаму е на третото место во Источната конференција со скор од 34-22, додека Оклахома се наоѓа на петата позиција во Западната конференција со 32 победи и 26 порази.

Резултати: Торонто – Мајами 115:112, Милвоки – Атланта 97:92, Минесота – Хјустон 108:126, Оклахома – Кливленд 112:120, Далас – Сакраменто 109:114, Денвер – Сан Антонио 117:109.

Најново во Кошарка