ЗАТОА СЕ ШАМПИОНИ

„Воините“ можат и без помош на тренерот (ВИДЕО)

За време на тајм-аутот, Кер го повика Андре Игудала, му ја даде таблата и фломастерот со кој се цртаат одредени акции, и едноставно се тргна од клупата за резервни играчи.

објавено: 13 февруари 2018 - 13:25

Стив Кер, тренерот на Голден Стејт на сред натпревар, оној со екипата на Феникс сфати дека повеќе нема што да им каже, да и научи своите играчи, оние најдобрите во НБА лигата, па им ја препушти улогата на тренери. 

 Неговиот „наследник“, плус и соиграчот Дрејмонд Грин ги „седнаа“ соиграчите и им објаснија како треба понатаму.

Оваа замена на тренерите се исплатеше, и тоа максимално затоа што Вориорс ги прегазија Санс победувајќи ги со 46. поени разлика, славеа со (129:83). 

После мечот, Кер го објасни овој момент:

„Им реков дека тимот е нивни а не на тренерот или на претседателот. Дека јас сум тука како тренер да ги водам, но не и да ги контролирам. Со оглед на тоа како добро играат, имаат право да си го најдат својот пат. Мислам дека ова беше добра одлука, затоа што откако им ја препуштив екипата, комуницираа одличо и составија неколку навистина добри акции“ - призна тренерот на шампионот.   

Најново во Кошарка