ШАМПИОНОТ ЕКСПРЕСНО ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

Вориорс на плус 28 во ЛА, Бостон ја расипа „забавата“ на Попович (ВИДЕО)

По поразот од Детроит на домашен терен, Голден стејт на гостувањето кај ЛА Клиперс славеше со 141:131. Бостон на сметка на Сан Антонио ја забележа петата низа. 

објавено: 31 октомври 2017 - 08:25

По поразот на домашен терен од Детроит, Голден стејт веднаш се врати на победничките патеки. Шампионот на гостувањето кај ЛА Клиперс славеше со убедливи 141:113 во одлично издание на Стеф Кари, кој мечот го заврши со 31 поен. Кевин Дурент запиша 19 поени, Дрејмонд Грин 16, додека Клеј Томпсон 15. На другата страна Данило Галинари имаше 19 поени, додека Блејк Грифин застана на 16 поени.

Неизвесно беше само во првата четвртина, во која и двете екипи неколку пати го променија водството (28-34). Во следниот период, Вориорс за кратко време дојдоа до двоцифрено водство, кое на полувремето беше плус 17. Клиперс се обидуваа да се вратат во игра, но немаа сили да го сопрат расположениот шампион.

Бостон ја забележа петата победа во низа, откако му го нанесе вториот пораз на Сан Антонио сезонава. Кајри Ирвинг со 24 поени беше најефикасен во редовите на Селтикс. Селтикси не му дозволија на Грег Попович да ја забележи 1,115 победа во неговата кариера, со која ќе се израмни со Фил Џексон на шестото место на вечната листа.

Ова беше прв меч во која ЛаМаркус Олдриџ постигна 11 поени, а Сан Антонио повторно беше помошта на Кавај Леонард и Тони Паркер.

Резултати: Бостон - Сан Антонио 108:94, Мајами - Минесота 122:125 (прод.), Њујорк - Денвер 116:110, Хјустон - Филаделфија 107:115, Мемфис - Шерлот 99:104, Њу Орлеанс - Орландо 99:115, Јута - Далас 104:89, Портланд - Торонто 85:99, ЛА Клиперс - Голден стејт 113:141.

Најново во Кошарка