НБА

Вориорс сопрени во Сакраменто, Леброн пиша историја (ВИДЕО)

Сакраменто на домашен терен го совлада Голден стејт со 109:106 по продолжение. Кливленд на гостувањето кај Њујорк славеше со 111:104.

објавено: 5 февруари 2017 - 09:26

Кошаркарите на Сакраменто се погрижи за изненадување на вечерта. На домашен терен го совладаа Голден стејт со 109:106 по едно породолжение во одлично издание на ДеМаркус Казинс, кој средбата ја заврши со 32 поени, 12 скока и девет асистенции го предводеше својот тим.

На другата страна Стеф Кари имаше 35 поени и девет асистенции, додека Клеј Томпсон застана на 26 поени. Кари во регуларниот дел промаши зицер за победа, додека во продолжението Грин не погоди за ново продолжение. За Голден стетј, кој и натаму е лидер во Западната конференција, ова беше осми пораз сезонава.

Леброн Џејмс го предводеше Кливленд до триумф на гостувањето кај Њујорк од 111:104. „Кралот" постигна 32 поени и на овој меч ја мина бројката од 28.000 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА-лигата, кој стигнал до оваа бројка.

Резултати: Атланта - Орландо 113:86, Индијана - Детроит 105:84, Вашингтон - Њу Орлеанс 105:91, Мајами - Филаделфија 125:102, Њујорк - Кливленд 104:111, Минесота - Мемфис 99:107, Феникс - Милвоки 112:137, Сан Антонио - Денвер 121:97, Јута - Шарлот 105:98, Сакраменто - Голден стејт 109:106 (прод.).

Најново во Кошарка